Шефот на англиските судии го пофали ВАР: Сезонава имаме само две грешки

Англиските судии се најкритикуваните кога во прашање е ВАР системот и кон нив многу забелешки, сепак шефот на судиите на Островот, Хауард Веб смета дека ситуацијата е многу подобра во однос на претходните години.

Иако се пишува за грешки на ВАР системот клубовите во март минатата година изгласаа технологијата да остане на функција. Според Хауард Веб грешките на ВАР се намалени за дури 80%.

„Веројатно не ги исполнивме во целост очекувањата со ВАР системот, но можам да кажам дека грешките се намалуваат. Сезонава имаме редуцирање за над 80%, односно сезонава видовме само две грешки. Минатата сезона во овој период имавме над десет погрешни одлуки“, изјави Веб.

Медиумите на Островот направија и анкета помеѓу навивачите во која учествувале околу 2.000 испитаници и дури 90% се изјасниле дека сакаат технологијата да остане дел од натпреварите.