Челси доби големо засилување пред дербито со Ливерпул

Англискиот гигант Челси на 20 октомври ќе му гостува на Ливерпул на „Енфилд“, а денеска дозна одлична информација затоа што во составот се врати Рис Џејмс.

Џејмс беше надвор од терените од август поради сериозна повреда, но очигледно се рехабилитира и ќе биде подготвен за настап против големиот ривал.

Ова е одлична вест за тренерот Енцо Мареска пред дербито на „Енфилд“ затоа што капитенот ќе може да им помогне на неговите соиграчи.

Ливерпул во моментов е лидер во лигата со 18 бодови, додека Челси е на четвртата позиција со 14 поени.