Дунимаглоски го „положи тестот“, ќе остане тренер на Победа!

Второлигашот Победа го постави Стојанче Дунимаглоски за нов главен тренер, а главна задача ќе му биде да го извлече максималниот потенцијал од младата екипа од Прилеп.

Дунимаглоски го презема кормилото по оставката на Јане Николоски и најпрво беше поставен за привремен тренер, но по победата против прволигашот Воска Спорт со 1-0 во пријателски меч беше решено да остане на тренерското столче.

„Победа објавува дека назначи нов шеф на стручниот штаб, кој со своето знаење и искуство ќе го води нашиот тим кон нови успеси. Со овој потег, управата ја покажува својата посветеност на создавање на силен и конкурентен тим, спремен за предизвиците кои претстојат. Новиот шеф на стручен штаб, Стојанче Дунимаглоски, е млад и амбициозен тренер со визија и јасна цел – да го извлече максималниот потенцијал од младата и талентирана екипа на ФК Победа“, соопшти клубот.

Прилепската екипа во моментов е на 14. место со само четири освоени бодови по седум одиграни меча во Втората лига.