Модриќ викендов може да сруши рекорд стар 58 години

Лука Модриќ во сабота на 19 ноември ќе има 39 години и 40 дена, а тој ден Реал Мадрид игра натпревар против Селта Виго.

Во тој натпревар хрватскиот ветеран би можел да го сруши рекордот на Ференц Пушкаш кој е стар 58 години.

Ако настапи во Виго, Модриќ ќе стане најстариот фудбалер кој заиграл на официјален натпревар за „кралевите“. Легендарниот Пушкаш својот последен натпревар го одигра во 1966 година на 39 години и 36 дена.

Модриќ со настап во сабота би го подобрил рекордот за четири дена.