По пауза од две години Кирјос се враќа терените
Кирјос некогаш беше и 13. тенисер во светот но во 2023 година испадна од светската ранг листа откако беше рангиран како 470.
Во последните две години одигра само еден меч поради проблемите кои ги имаше со повредите на коленото, зглобот и стапалото.
Додека беше надвор од терените Кирјос работеше и како стручен коментатор на „ЕСПН“ за време на големите натпреварувања. Ќе потсетиме во 2022 година, Кирјос играше и финале на Вимблдон каде што беше поразен од Ѓоковиќ.