Халанд „избега“ по дебаклот на Норвешка, па доби жестоки критики!

Норвешка во четвртото коло од Лигата на нации загуби со 1-5 на гости кај Австрија, а најмногу критики доби напаѓачот Ерлинг Халанд.

По дебаклот дел од репрезентативците застанаа пред новинарите за да ги споделат нивните впечатоци од мечот, но меѓу нив не беше и Халанд.

Халанд „избега“ од новинарите и не одговори на ниту една прашање, поради што доби жестоки критики од јавноста.

„Во таква ситуација сакавме да слушнеме што има да каже. Капитенот добива пофалби кога работите одат добро, но и критики ако нешто не е како што треба. Мора да се преземе одговорност кога работите не се најдобри“, кажа стручниот коментатор Кристофер Локберг.

Австрија, Норвешка и Словенија имаат по седум бодови во групата 3 од Б-дивизија, додека Казахстан е последен со еден бод.