Албанија ја шокира Грузија среде Тбилиси (ВИДЕО)

Репрезентативците на Албанија триумфираа против Грузија со 1-0 среде Тбилиси во четвртото коло од Лигата на нации.

Грузија влезе како фаворит во мечот, но не импресионира во првото полувреме, а казната стигна на почетокот на вторите 45 минути.

Кристјан Аслани во 48. минута го матира голманот на Грузија и донесе водство за нашиот западен сосед, кој успешно се бранеше до крајот на натпреварот.

Албанија, Чешка и Грузија имаат по шест бодови во групата 1 во Лигата Б.

На вториот меч кој се играше од 18 часот, Словачка со 3-1 го совлада Азербејџан во групата 1 од Лига Ц.