Ауди му ја отвора вратата на Шумахер за враќање во Ф1
Пред неколку недели делуваше дека Шумахер повеќе нема да добие шанса во „најбрзиот циркус“, но новиот шеф на Ауди, Матија Биното објави дека сè уште не донеле конечна одлука и Мик би можел да се врати во Ф1.
„Можеме да си земеме доволно време и да размислиме, зашто другите екипи веќе имаат возачи за следната сезона“, кажа Биното.
Биното потврди дека размислуваат за Шумахер, а шефот на Ауди потврди и дека имал разговор со 25-годишниот возач.