
Почна чистката во Партизан - прв е избркан сенегалскиот фудбалер
На негово инсистирање, раскинат е договорот со сенегалскиот фудбалер од средниот ред Франк Кануте кој лани беше донесен како големо засилување, но сезонава не одигра ниедна минута. Одлуката за негово заминување беше донесена порано, но се бараше модел за раскин на договорот со оглед на тоа што Кануте беше обврзан до крајот на сезоната.
Договорено е на Кануте да му биде исплатена плата за следните шест месеци и тој наскоро ќе биде слободен играч.