Анчелоти откри како ја решил дилемата дали да шутира Ридигер или Ендрик

Последниот пенал за Реал Мадрид го изведе Антонио Ридигер иако многумина сметаа дека Ендрик ќе биде тој што ќе шутира.

Ридигер успешно го изведе пеналот, по што почна големата радост на фудбалерите на Реал Мадрид. Но, веројатно многумина помислија дека Ендрик ќе го шутира последниот удар од белата точка бидејќи тој е напаѓач.

„За последниот пенал имавме дилема кој да шутира, дали Ридигер или Ендрик“, потврдува Анчелоти.

„Сакавме Ендрик, но потоа го видов неговото лице и одлучил Ридигер дека е подобра опција“.