Родри заговара штрајк со колегите поради големиот број натпревари!
ФИФПро, задружението на европските лиги и шпанската Ла Лига ја обвинија ФИФА за злоупотреба и поднесоа заедничка тужба поради распоредот на натпревари.
Родри од Манчестер сити ја отвори вратата за штрајк уште во август, откако посочи дека никој не сака да го слушне гласот на фудбалери.
Шпанскиот репрезентативец е повреден и ќе паузира до крајот на сезоната, а претходно предупредуваше дека со големиот број натпревари се загрозува здравјето и кариерите на играчите.