Германија им се поклони на четирите легенди (ВИДЕО)
Навивачите им се заблагодарија на Мануел Нојер, Тони Крос, Томас Милер и Илкај Гундоган кои повеќе нема да играат за репрезентацијата, а Крос ја заврши и својата кариера. Нивните ликови во џиновски формат беа поставени на трибината зад еден од головите со порака: Ви благодариме за се момци!
Нојер, Крос и Милер ја завршија репрезентативната кариера со над 100 настапи, додека Гундоган одигра „само“ 82 натпревара за националниот тим.