Ибрахимовиќ заработил сериозна повреда на главата, објави и фотографии (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ повторно е во центарот на вниманието.

Легендарниот напаѓач кој сега е член на управата на Милан често пати знае да го привлече вниманието, но сега не поради работа поврзана со фудбалот.

На социјалните мрежи Ибрахимовиќ објави две фотографии на кои може да се види дека заработил сериозна повреда на главата.

Фотографиите покажуваа дека Ибра крварел, а засега не е познато како ја заработил повредата.

„Се е дел од играта“, стои во описот на фотографиите.