Куманово и Кумани се нешто што како „сув леб“ ѝ треба(ше) на македонската кошарка (ВИДЕО)

Екипата на МКК Куманово завчера испиша историја во кусото постоење, откако со триумфот против Тиквеш (93-89) дојде до првата прволигашка победа и тоа во вториот меч како член на елитата.

Многу поважно од ова е фактот што градот Куманово повторно е во центарот на случувањата во макбаскетот, со оглед што со децении наназад важеше за еден најкошаркарските во државата во периодот кога други клубови со истото име беа во самиот врв. Кумановци паметат времиња кога се играле исклучително важно средби во борбите за трофеи, меѓу кои се и тие кога во два наврати беа дел од плејоф-финалето против МЗТ Скопје што предизвикуваше еуфорија во целиот град.

Мечот против Тиквеш покажа дека интересот за кошарката воопшто не е намален, без разлика на неколку годишната пауза и отсуство од елитата, за што доказ се преполните трибини во салата „Перо Наков“. Кумани уште од старт покажаа дека ќе бидат шести играч на овој состав предводен од легендарниот Марин Докузовски, за што доказ е атмосферата што ја направија во пресметката со кавадарчани и заедничката радост на крајот од мечот, добиен по едно продолжение.

Еуфоријата дефинитивно ќе биде уште поголема со најавеното отворање на спортската сала во Куманово, кое е планирано за следниот месец, каде што во минатото сме биле сведоци на едни од најжешките атмосфера во кошарката во Македонија.

*заедничката прослава е десетина минути пред крајот на видеото