Роналдо разговараше со Шчесни и го „пецна“ својот поранешен клуб (ВИДЕО)

На социјалните мрежи беше објавено видео од средбата помеѓу Војчех Шчесни и Кристијано Роналдо по натпреварот во Лигата на Нации во саботата.

Португалија гостуваше кај Полска, а по натпреварот Роналдо се средна со полскиот чувар на мрежата со кого ја делеше соблекувалната во Јувентус.

Покрај разговорот децата на Шчесни и се фотографираа со португалскиот ас.

„Иако потпишав за Барселона моите деца и понатаму се твои големи фанови“, прокоментар голманот.

„Знам, знам“, одговори Роналдо, па го праша дали е среќен.

„Чувството е неверојатно“, возврати Шчесни по што следеше коментар на Роналдо кој може да се смета и за мала провокација кон поранешниот клубови на Шчесни.

„Требаше да се пензионираш за да потпишеш за голем клуб“, одговори Португалецот.

Во кариерата Шчесни бранеше за Арсенал, Рома и Јувентус.