Се најде ли клуб кој ќе му даде шанса на Деле Али?

Aнглискиот фудбалер за врска, Деле Али тренира со Евертон, но понатаму не е под договор со некој клуб.

Фудбалерот на кого му се предвидуваше блескава кариера се соочи со проблеми со повредите, но и психолошки проблеми, па забележа огромен пад. Во Тотнем важеше за една од најголемите надежи на англискиот фудбал, меѓутоа засега е далеку од очекувањата.

По Тотнем играше за Евертон и Бешикташ, меѓута не успеа да ја пронајде старата форма. Клубот од Ливерпул му дозволи да тренира со надеж дека ќе се врати на некогашниот фудбалски пат, а сега наводно за него покажал интерес француски Лил.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Лил е спремен да ризикува со Деле Али и да го доведе како слободен играч, така фудбалерот би добил нова шанса да се докаже на високо ниво.

Со Деле Али, Лил би можел да добие потенцијално големо засилување бидејќи поранешниот репрезентативец има 28 години, но секако е потребно да ја најде старата форма.