Во Барса можат да здивнат: Јамал не е повреден, но мора да одмора

Иако има само 17 години, Ламин Јамал е еден од носителите на играта на Барселона оваа сезона, а од Европското првенство е стандарден и во шпанската репрезентација.

Сето тоа придонесе тинејџерот да одигра премногу натпревари на врвно ниво за негова возраст и последиците веќе се чувствуваат. Јамал кривејќи го напушти теренот по мечот против Данска во Лигата на нации што предизвика паника во Барселона и тој веднаш беше ослободен од обврските и испратен назад во клубот. Од Фудбалската федерација на Шпанија, сепак, смируваат со последното соопштение објавено синоќа.

„Ламан Јамал нема никаква повреда, во прашање е преголемо напрегање на мускулите. Тој го напушти кампот и се врати во Барселона“, пишува во соопштението.

Шпанските медиуми најавуваат дека 17-годишниот крилен играч би можел да го пропушти дуелот против Севиља претстојниот викенд за да се одмори и да биде подготвен за она што следува - натпреварите против Баерн и Реал Мадрид.