Само еден гол фалеше за славје, ЖРК Ѓорче Петров испадна од Европската лига (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров го заврши настапот во квалификациите од Европската лига на ЕХФ откако надополни седум од осумте потребни гола против шведскиот Хор 65.

Ѓорчепетровски со фантастично второ полувреме дојдоа до победа од 26-19 (13-12 на полувреме), за жал тоа беше еден погодок помалку од она што му беше потребно на македонскиот тим. Натпреварот во Шведска заврши со триумф од 29-21 за Хор.

Ивана Дежиќ со десет гола беше најдобра кај ЖРК Ѓорче Петров, Есма Муратовиќ реализираше осум.