Се пензионираше играчот кој освои три титули во НБА со три различни екипи

Koшаркарот Дени Грин на 37-годишна возраст објави крај на кариерата, пренесуваат американските медиуми.

Грин во кошарката ќе остане запаметен како играч кој освоил три НБА прстени со три различни екипи. Тоа му успеа со Сан Антонио Спарс, Торонто Репторс и Лос Анџелес Лејкерс. Освен него тоа им успеваше уште само на Џон Сали, Роберт Хори и Леброн Џејмс.

„Имав неверојатна кариера. Заминувам во пензија со гордост од кошаркарскиот пет. Ви благодарам за поддршката“, објави Грин.

Вкупно во НБА помина 15 сезони, а играше уште за Мемфис, Кливленд и Филаделфија каде што во минатата сезона настапи на само два натпревари.