Италија одигра реми со Белгија, Франција убедлива против Израел (ВИДЕО)

Италија одлично го почна мечот со Белгија, но црвен картон на Пелегрини го промени текот и дуелот заврши без победник 2-2, Франција со 4-1 го совлада Израел.

Италијанците имаа фантастичен старт на мечот, Камбијасо уште во првата минута донесе водство за азурите од 1-0, а веќе во 24. минута Ретеги погоди за 2-0.

Италија доминираше, Белгија не можеше да создаде ништо. Но, во 38. минута се случи клучниот момент на мечот, Пелегрини доби црвен картон.

Белгија изведе идеален слободен удар и со гол на Де Кујпер во 42. минута намалија на 2-1 и се вратија во игра. 

По 15 минути игра во вториот дел Тросар реализираше за конечни 2-2.

Израел во Будимпешта беше домаќин на Франција. Французите славеа убедлив триумф.

Камавинга и Нкунку постигнаа голови во првото полувреме за Франција, Гендузи и Баркола стрелаа прецизно во финишот од мечот за победа од 4-1.