Тепачка меѓу кошаркарите на Ефес и Фенер во жешкото дерби на Истанбул! (ВИДЕО)

Фенербахче со 83-78 победи на гостувањето кај Анадолу Ефес во дербито на Истанбул, а овој натпревар го одбелжа инцидент по кој беа исклучени и двајца кошаркари.

Пред крајот на третата четвртина се случи тепачка меѓу Тарик Биберовиќ и Елајџ Брајант. Двајцата кошаркари го почнаа инцидентот во кој се вклучија и другите играчи, за среќа не прерасна во масовна тепачка.

Епилогот од ова беше исклучување за Биберовиќ и Брајант.