Партизан три четвртини му парираше на Реал во Мадрид, но снема сила за изненадување!
„Црно-белите“ 31 минута беа рамноправен противник и постојано му беа зад петите на својот голем ривал. Одлучи една серија од 15-0 во последната четвртина која почна кога Реал водеше со само два поена разлика (68-66), а заврши со +17 за домашниот тим по што Партизан немаше сили да направи нешто повеќе отколку да се доближи на седум поени негатива. Целата серија на Реал се случи во период од 3:30 минути.
Според поените, најдобар стрелец кај Реал беше Серж Ибака со 15, но убедливо прво име на мечот беше Факундо Кампацо кој постигна 8 поени, 11 асистенции и 6 скока и успеа да ги разигра сите кошаркари на Реал.
Играчите на Партизан постигнаа 13 тројки, но ни тие не беа доволни за победа. Карлик Џонс со 15 поени беше најефикасен во белградскиот тим кој првата победа во новата сезона во Евролигата ќе ја бара во вторник на домашен терен против Баерн.