Халанд стана најдобар стрелец на Норвешка, урна рекорд стар речиси 90 години!

Ерлинг Халанд со првиот гол против Словенија го изедначи рекордот, а со вториот погодок стана најдобар стрелец на сите времиња за Норвешка иако пред него има уште многу фудбал.

За Халанд тоа беше гол број 34 за Норвешка и тоа постигнат во 36. настап за репрезентацијата.

Тој го помина Јорген Јуве кој со 33 голови од 45 настапи до денеска беше најдобар стрелец на Норвежаните. Овој напаѓач головите ги давал меѓу 1928 и 1937 година.