Грција ја победи Англија на Вембли, триумф посветен на починатиот Џорџ Балдок!

Грција ја шокираше Англија откако ја совлада со 2-1 на Вембли, триумфот му беше посветен на починатиот грчки репрезентативец, Џорџ Балдок.

Резултатот беше отворен по четири минути игра во второто полувреме кога Павлидис донесе водство за Грција од 1-0.

Тој даде гол и во 83. минута, но погодокот му беше поништен поради офсајд. Четири минути подоцна Белингем изедначи на 1-1. Сепак тоа не беше се.

Во четвртата минута од судиското продолжение Павлидис даде втор гол, овојпат регуларен за победа на Грција од 2-1.

Тој и двата погодоци му ги посвети на починатиот Џорџ Балдок кој се удави во базен. Ова беше историска, но и емотивна ноќ за Грците.