Николато: Резултатот не е слика на играта, но Македонија беше подобра од нас!

Селекторот на Летонија, Паоло Николато вели дека неговите фудбалери го одиграле најдобриот меч оваа година, смета дека резултатот не е слика за тоа што се случувало на теренот иако признава дека Македонија ја заслужила победата.

Македонија со 3-0 ја победи Летонија во Рига, Летонците имаа неколку одлични шанси, но ние го имавме расположениот Димитриевски кој фати се што одеше кон неговиот гол.

„Резултатот не е соодветен на играта. Ние бевме солидни, но уште не сме на нивото на противникот. Сепак напредуваме и се доближуваме до нивото на Македонија. Резултатот го одлучија детали и индивидуалната класа на противничките играчи. Ова беше најдобриот натпревар на Летонија во Лигата на нации, мислам дека сме на вистинскиот пат“, рече Николато.

„Не можам да ги споредувам Македонија и Ерменија. Нашиот меч против Ерменците не беше на нивото кое го одигравме вечерва. Мислам дека во недела мечот ќе биде неизвесен“.

Македонија во недела од 18 часот игра против Ерменија, тоа ќе биде и клучен меч за првото место во групата.