Атанасов: Секогаш гинеме за Македонија, одиме по трите бода и во Ерменија!

Јани Атанасов беше еден од тројцата стрелци во Рига каде Македонија со 3-0 ја победи Летонија. Тој е задоволен од прикажаното и цели кон сличен исход и во Ереван.

Македонија со денешните три бода остана на врвот во групата, а следниот меч со Ерменија во недела ќе биде клучен за конечниот пласман.

„Ова се многу важни три бода. За натпреварот се подготвивме многу добро. Среќни сме што работите на теренот се одвиваат како што треба, дека соработуваме како што треба. Ние гинеме за овој дрес. Беше тежок меч, но дадовме се од себе и ги освоивме трите бода“, вели Атанасов.

„Сега малку да се одмориме, да се рекуперираме, па да се подготвиме за Ерменија, и таму ќе одиме на трите бода“.