Ураганот „Милтон“ го уништи стадионот на Тампа Беј Рејс (ВИДЕО)

Силен ураган ја зафати Флорида во изминатите часови, при што настрадаа голем број домови на жителите, но и стадионот на бејзбол-тимот Тампа Беј Рејс.

Стадионот „Тропикана Филд“ беше тешко оштетен во силното невреме кое го зафати регионот, а на социјалните мрежи се појавија повеќе снимки.

Ураганот „Милтон“ го оштеети кровот на стадионот, а засега нема детали дали била оштетена и внатрешноста на објектот.