Ангеловски: Бод голем како куќа!
По натпреварот тренерот Бранислав Ангеловски ја истакна важноста на овој бод за кој како што вели е „голем како ќуќа“.
„Ова е бод голем како куќа. Симнавме еден терет кој го носевме долго време. Благодарност до сите играчи кои се покажаа како големи борци. Игравме против квалитетна екипа која победи на 18 натпревари од последнитер 20. Во 45 минути бевме одлични, но неколку нашки и судиски грешки направија Спортинг за кратко време да го сврти резултатот. На крајот сепак успеавме да стигнеме до бод и затоа благодарност до сите“, изјави Ангеловски.
Пелистер во следниот натпревар во Лигата на шампионите наредната недела ќе игра против Висла во Полска.