Шумахер повторно ќе се појави во јавноста и тоа поради босанска убавица?!
За состојбата на славниот формула 1 возач не се знае многу, а „Билд“ неодамна тврдеше дека постоела голема веројатност тој да бил присутена на венчавката на неговата ќерка во вивлата во Мајорка.
Наводно Шумахер бил одвоен од другите гости и само најблиските членови можеле да го видат.
Сега, се пишува дека легендарниот возач повторно би можел да биде во слична ситуација поради неговиот син Мик. Наводно, Мик има намера да ја запроси неговата девојка Лаила Хасановиќ чиј родители се од Сребреница. Лаила е познат модел и поранешна финалистка во изборот за мис на Данска.
Младиот пар не ја потврдил веста, но Лаила на нејзиниот Инстаграм профил објави дотографија од нов прстен што беше доволна причина да се појават најавите за нова венчавка во семејството на легендарниот возач.