
Нов кикс на ПСЖ: Ница ја запре машинеријата на Енрике!
Првото полувреме беше израмнето по број на шанси на двете екипи, но не и по постигнати голови бидејќи Абди во 39. минута донесе предност за Ница.
На почетокот на вториот дел Мендеш ја врати надежта на ПСЖ дека може до трите бода, откако погоди за 1-1, а потоа машинеријата на тренерот Луис Енрике тргна со сите сили по втор гол, но не успеа да го постигне.
ПСЖ остана на втората позиција со 17 бодови, односно два помалку од лидерот Монако.