Надал се враќа по четири месеци и најави напад на нова титула!
Надал ќе се врати на теренот по пауза од четири месеци, а притоа кажа дека е оптимист и најави напад на нова титула.
Еден од најдобрите тенисери во историјата има сериозни проблеми со повреди во изминатиот период и затоа не играше на премногу турнири.
Надал во моментов се наоѓа на 149. место на АТП-листата, односно далеку од врвот каде што беше во неговите најдобри денови.