Реал Мадрид скапо ја плати победата - се повреди Карвахал, но ќе паузира и Винисиус!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид вчера славеше со 2-0 против Вилјареал, но скапо ја плати победата против ривалот затоа што остана без двајца важни фудбалери.

Дани Карвахал се здоби со тешка повреда на коленото поради која ќе паузира до крајот на сезоната, а тренерот Карло Анчелоти подолг период нема да може да смета ниту на Винисиус.

Бразилецот го повредил вратот, а медицинските прегледи утрово покажале дека го чека пауза од најмалку три недели.

„Кралевите“ во моментов се на делба на првата позиција со Барселона со по 21 бод, но клубот од Мадрид има одиграно еден меч повеќе од вечниот ривал.