Ѓоковиќ конечно „над линијата“, може да стигне и до петтото место
Денеска тој со голема мака го совлада Алекс Микелсен во второто коло од Мастерсот во Шангај и го помина Алекс де Минор со што се најде на осмото место во рангирањето. Со оглед на тоа што Де Минор не учествува во Шангај, а Руд и Рубљев испаднаа, Ѓоковиќ има можност да се искачи дури на петтата позиција по овој турнир со што многу веројатно ќе си обезбеди виза за Торино.
До крајот на сезоната, српскиот ас планира да настапи уште на Мастерсот во Париз каде го брани трофејот, ако не го откаже своето учество во последен момент.