НБА-кошаркар се откажа од 10 милиони долари за да ѝ се посвети на - верата!
Американецот објави видео на „јутјуб“ и објасни зошто решил да се повлече од спортот, односно откри дека добил повик да му служи на Бог.
Грифин во 2022 година беше избран како 16. пик на НБА-драфтот и заврши во Атланта хокс, каде што во просек постигнуваше по 7,5 поени и 1,9 скокови.
Младиот спортист потпиша четиригодишен договор кој му гарантираше најмалку 17 милиони долари, а веќе одработи две сезони и заработи околу седум милиони, додека од останатите се откажа затоа што реши да го напушти клубот.