Ван Нистелрој ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед!?

Новинарот Фабрицио Романо сподели информација од „ЕСПН“ дека Манчестер јунајтед наскоро би можел да добие нов тренер, а тоа е поранешниот напаѓач Руд Ван Нистелрој кој во моментов работи како помошник на Ерик Тен Хаг.

Поразот на „црвените ѓаволи“ во Манчестер од лондонскиот гигант Тотнем предизвика нов земјотрес на „Олд Трафорд“ и раководството почнало да разгледува опции за нов стратег поради тоа што Тен Хаг не ги исполни очекувањата.

Тен Хаг минатата сезона го освои ФА-купот, но оваа сезона има очајни резултати и поради тоа сè повеќе расте притисокот врз Холанѓанецот кој наскоро би можел да ги спакува куферите.

Ван Нистелрој претходно работеше како тренер во ПСВ Ајндховен, а од оваа година му е помошник на Тен Хаг во премиерлигашот.