Мбапе се враќа од повреда и ќе заигра против Лил

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе по кратката пауза повторно се враќа во дресот на Реал Мадрид, откако тренерот Карло Анчелоти го повика за мечот против Лил во Лигата на шампиони.

Мбапе се чувствувал подобро по повредата и ќе биде дел од составот на „кралевите“ за вториот меч од елитното европско натпреварување.

Засега не е познато дали Анчелоти ќе му даде шанса на Мбапе од првата минута или Французинот ќе треба да го почне мечот од клупата за резервни играчи.