Барса потпиша нов договор со 17-годишен бисер и му стави откупна клаузула од - 500 милиони евра!

Каталонскиот гигант Барселона потпиша нов договор со 17-годишниот бисер Марк Бернал до 2029 година, а исто така му стави откупна клаузула од 500 милиони евра.

Талентираниот фудбалер претходно имаше соработка до 2026 година, меѓутоа реши да ја продолжи на три дополнителни години по одличните настапи за Барселона.

„Барселона и Бернал постигнаа договор до 2029 година. Откупната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра“, соопшти каталонскиот гигант.

Бернал оваа сезона настапи на три меча за Барселона во Ла Лига.