Судијата Радески херојски му го спасил животот на фудбалер во меч од Третата лига (ВИДЕО)
Инцидентот се случил кога на статот од второто полувреме дефанзивецот на Речица по удирање на топката со глава незгодно паднал на тревата и останал да лежи. Неговата ситуација веднаш беше проценета како опасна од делителот на правдата, кој со спринт стигна до повредениот и веднаш го стави на страна. Радески веднаш му го извадил јазикот на несреќникот со цел да спречи гушење, со што речиси сигурно со спасил од трагичен епилог.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави судијата Радески на Мнет телевизија.
Фудбалерот на Речица сега е во добра здравствена состојба. Средбата, инаку, заврши со минимална победа на гостите од Доброште (1-0).