Синер го совлада Лехечка за полуфинале во Пекинг
Италијанецот беше одличен во првиот сет, кој му припадна со 6-2, додека во вториот Лехечка даде поголем отпор и победникот мораше да се решава во тај-брејк, каде што Синер славеше со 8-6.
Синер во полуфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Андреј Рубљев и Јунчаокете Бу.