Хајдук испушти триумф против Раков, Партизан загуби на гости кај Хетафе (ВИДЕО)

Хајдук Сплит емизира против Раков (2-2), додека Партизан беше поразен од Хетафе на гостувањето во првиот меч од плејофот во Конференциската лига на УЕФА.

Хрватскиот гигант два пати водеше во мечот, но ја испушти предноста. Најпрво Шего погоди за 1-0, но потоа Емрели израмни на 1-1.

Де Алмеида повторно го израдува Хајдук во 47. минута (2-1), но потоа Пајазити доби директен црвен картон. Раков тргна по израмнување и успеа да погоди преку Диаби-Фадига во 95. минута.

Хетафе поведе со голот на Унал во 10. минута, но Партизан го возврати ударот преку Сек во финишот на првиот дел.

„Црно-белите“ успешно се бранеа до самата завршница од натпреарот, кога шпанскиот тим постигна два гола во 87 и 90. минута.

Фото: HNK Hajduk Split /Facebook