Ренџерс му пресуди на Јаблонец, Миовски остана на клупа!
Рајан Надери беше стрелец на единствениот гол за тимот од Глазгов во 50. минута, по што Ренџерс остана со играч помалку поради црвениот картон на Камерон.
Миовски беше во конкуренција за настап, меѓутоа не доби шанса на теренот и од клупата за резерви го гледаше мечот.
Реваншот меѓу Јаблонец и Ренџерс се игра во Чешка на 27 август од 18 часот.
Фото: Facebook/Rangers