„Наполи е лидер во Серија А, но далеку сме од борба за Скудетото“

Поранешниот италијански шампион Наполи играше одлично во изминатиот период и го презема врвот во Серија А, по што навивачите почнаа да сонуваат за ново Скудето, меѓутоа тренерот Антонио Конте смета дека е рано да се зборува за такво нешто.

Конте е задоволен од играта на неговите избраници, меѓутоа смета дека сè уште неговиот тим не е подготвен да се бори за титулата во калчолигата.

„Мора да се бориме за секоја победа. Пред три месеци претседателот кажа дека почнавме реконструкција на тимот. Заминаа дури 14 фудбалери, а пристигнаа само седум. Го изгубивме и Осимен. Наполи во моментов е лидер, знам какви се очекувањата од мене, но сè уште е рано да се бориме за Скудетото“, кажа Конте.