Нејмар по пауза од една година се врати на тренинг на Ал-Хилал

Бразилскиот фудбалер Нејмар се враќа на тренинзите на саудискито тим Ал-Хилал, откако речиси една година паузираше поради тешка повреда на левото колено.

Нејмар пристигна во Ал-Хилал минатата година, а потоа на 17 октомври се повреди во дуелот против Уругвај, но сега повторно е подготвен за акција во дресот на екипата.

„Среќен сум што конечно се вратив на тренинг“, објави Нејмар.