Отказот на Тен Хаг ќе го чини Манчестер јунајтед дури - 21 милион евра!

Тренерот Ерик Тен Хаг не сака да замине од Манчестер јунајтед, и покрај лошите резултати на премиерлигашот, па побара повеќе време, а во прилог на гигантот од „Олд Трафорд“ не му оди ниту сумата која треба да ја плати ако сака предвреме да ја прекине соработката со стратегот.

Англиските медиуми пишуваат дека Холанаѓенецот ќе добие отштета од 21 милион евра доколку премиерлигашот реши да му даде отказ во следниот период.

Како потенцијална замена за Тен Хаг во медиумите веќе се појави името на неговиот помошник Руд Ван Нистелрој, но најверојатно Холанѓанецот ќе добие одреден период да ги поправи резултатите пред да биде донесена конечна одлука за неговата иднина.