Му „пукна филмот“ на Енрике: Дембеле исфрлен од тимот за дербито со Арсенал!

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, поради недисциплина е изоставен од тимот за претстојниот натпревар на домашен терен против Арсенал од втората рунда во Лигата на шампионите.

Според француските медиуми, тренерот Луис Енрике одлучил да не го вклучи францускиот репрезентативец за дерби-пресметка, иако тој не е повреден. Тренерот и Дембеле, наводно, имале вербална пресметка по натпреварот помеѓу ПСЖермен и Рен (3-1) во првенството во петокот, на кој фудбалерот имаше една асистенција.

Од тимот изјавија дека и двајцата биле на брифинг кај управата, на кој Дембеле бил критикуван за некои одлуки на теренот, по што следела жестока дискусија. Парискиот клуб оваа сезона е непоразен во сите натпреварувања. Мечот на ПСЖ против Арсенал се игра утре со почеток од 21 часот.