Нашиот Адеми емотивно до навивачите: Дојдете да видите како ќе гинеме за Динамо!

Хрватскиот шампион, екипата на Динамо Загреб, задутре ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и тоа против Монако на „Максимир“.

Продажбата на влезниците почнува денеска и тоа проследена со емотивна изјава на капитенот Аријан Адеми, кој е доскорешен репрезентативец на Македонија.

„Нема посебно да ги канам нашите навивачи, туку само ќе им кажам дека ќе се бориме и ќе гинеме за овој клуб како и против Локомотива“, изјави Адеми.

Динамо во последното коло од ХНЛ ја победи Локомотива со 5-1, а во ЛШ по дебаклот против Баерн Минхен е последен на табелата со гол разлика 2-9.