Реал Мадрид остана без првиот голман најмалку на следните две средби!

Екипата на Реал Мадрид ќе мора да се снаоѓа без првиот голман, Тибо Куртоа, во следните неколку средби, откако го повреди мускулот на ногата на синоќешниот меч против Атлетико Мадрид (1-1).

Првичните прогнози се дека белгискиот репрезентативец ќе ги пропушти средбите на гости кај Лил и дома против Виљареал, по што следува пауза поради настапите на репрезентациите.

Ова значи дека на голот на „кралевите“ на овие мечеви ќе биде Украинецот Андреј Лунин, кој минатата сезона одлично го замени Куртоа кога тој беше повреден речиси цела сезона.