Алкараз скокот на АТП листата го прослави со – полуфинале во Пекинг!
Шпанецот се намачи да дојде до првиот сет во кој клучниот брејк го направи во 11. гем, за потоа да го потврди уште со првата сет топка. Во вториот сет беше далеку полесно за талентираниот тенисер, кој по 2-2 во гемови ги доби следните четири дела од играта со два брејка за потврда на местот меѓу четворицата најдобри.
Алкараз за место во финалето ќе ги одмери силите со Данил Медведев, кој претходно денеска лесно го совлада Италијанецот Флавио Коболи (6-2, 6-4).