Гризман повеќе нема да игра за Франција!
Својата одлука за повлекување од националниот тим Гризман ја потврди преку социјалните мрежи.
„Благодарам за сите спомени од ова прекрасни поглавје, време е да се збогувам“, објави напаѓачот.
За репрезентацијата на Франција, Гризман дебитираше на 5 март 2014 година на 22 години, а до денес одигра вкупно 137 натпревари во кои постигна 44 гола и подели 38 асистенции. Беше дел и од селекцијата која го освои Светското првенство во 2018 година во Русија.