Фудбалер на Војводина направи (нај)глупав пенал за аналите (ВИДЕО)

Една од најбизарните ситуации во српскиот фудбал беше забележана на мечот меѓу Војводина и Раднички Ниш, кога фудбалер на домаќините направи глупав пенал.

Голманот на Војводина, Драган Росиќ му ја остави топката на неговиот колега да го изведе гол-аутот, но дефанзивецот ја зема топката во раце и тоа беше казнето од судијата Павле Илиќ.

Сите на трибините беа во шок, но и самите фудбалери не можеа да поверуваат дека арбитарот покажал на белата точка.